Навивачите на Партизан познати како „Гробари“ ја отфрлија вината од себе за страшните и крвавите инциденти кои синоќа се случија на трибините на „ЈНА“ стадионот во текот на „вечното“ дерби со Црвена Ѕвезда.

„Гробарите“ со официјално соопштение се обратија во јавноста во кое стои дека тие биле испровоцирани од домашните предавници и хрватските навивачи кои биле платени да иницираат инцидент и дека немало никаква борба за превласт на трибината.

– Во текот на натпреварот беше нападна Југ од страна на домашни предавници и хрватски платеници кои имаа за цел дестабилизација на нашата навивачка група. Приказните дека инцидентот почнал за превласт на трибините не се точни. – стои во соопштението од „Гробарите“.

Што се однесува до 156-то „вечно“ дерби заврши без победник 1-1, но остна во сенка на немилите сцени за време на првиот дел.

OhridNews