Општина Охрид донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ „Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид“ за периодот 2026–2030 година.

Како засегнати органи од имплементацијата на Стратегијата се определени Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, Министерството за култура и туризам, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, ЈУ Национален парк „Галичица“, ХОТАМ и Општина Охрид.

Стратегијата за развој на туризмот за периодот 2026–2030 година ја изработува Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, по барање на Општина Охрид, а ја донесува Советот на Општина Охрид.

Донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство), се посочува во соопштението.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews