КоторАрт Трио е формирано по повод прославата на 10-годишнината на Меѓународниот фестивал КоторАрт кој се одржува секоја година во Котор – Црна Гора и го сочинуваат музичари добро познати во светот. Роман Симовиќ (виолина) – концертмајсторот на Лондонскиот симфониски оркестар, за кој Шломо Минц изјавил дека е редок и огромен талент. Ратмир Мартиновиќ (пијано) – уметник кој, според критичарите, поседува „идеална комбинација на интелектот, техниката и страста“.
Нив ги обединила желбата да го промовираат градот и фестивалот и да ги поврзуваат уметниците, организациите од областа на културата и пријателите на музиката. Концертната програма на КоторАрт Трио ја сочинуваат впечатливите и значајни дела на ХХ-от век, как и новото дело на црногорскиот композитор Жарко Мирковиќ создадено специјално за КоторАрт Трио по повод 10-годишнината на фестивалот.