Преку 40 тина стрелци учествуваа на II – от по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма кој се одржа во Охрид.


На првото место се пласираше Здравески Горан од СК,,Охрид,, со 565 кругови пред неговиот клубски другар Шишкоски Михаил со 560 кругови. Охриѓаните Апостолоски и Блажески се пласираа на 11-тото односно 16-тото место.Во женска конурекција Балабан и Гоџоска завршија на 8-то и 9 тото место со резултати од 348 и 341 кругови.

На неодамна одржаниот Куп со воздушно оружје во националнана програма за пионери во Битола, охридската екипа во состав Гоџоски Мартин, Попоски Васко и Миленкоски Кирил се пласира на 2-то место, со само 2 круга помалку од првопласираната екипа на Нишан ’08 од Прилеп.

Пријатно изненади Алексоска Ангела која за првпат настапи и го освои 3-то место со резултат од 159 кругови.

Ohridnews