Во натпревар со седум голови екипата на Реал Мадрид триумфираше со 6-2 над Малага. Голеадата на “Сантијаго Бернабеу“ актерите ја најавија во првиот дел кога мрежите се тресеа шест пати. Во вториот дел стрелците “затаија“ и постигнаа само два голови.


Шест гола за “лос бланкос“ ги постигнаа шест различни фудбалери. Почна Албиол, продолжија Роналдо, Озил и Бензема, а во вториот дел прецизни беа Модриќ и Ди Марија. За гостинскиот состав головите ги постигнаа Санта Круз и Антунес.

Малага натпреварот го заврши со девет фудбалери откако црвени картони заработија Санчез во 21-та односно Де Микелис во 73-та минута.

Резултати : Селта Виго – Атлетико Мадрид 1-3, Реал Мадрид – Малага 6-2.

Мх.П.