Без голови и без победник (0-0) заврши дерби пресметката меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во 25-та рунда од Бундес лигата.


Водечките екипи според бројот на постигнати голови во најсилната германската лига затаија и им остана должни за погодоци на гледачите кои го проследија мечот.

По дербито разликата меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд остана иста пет бодови, а понатаму меѓу овие два тима ќе продолжи борбата за титулата.

Резултати: Волфзбург – Менхенгладбах 2-1, Штудгарт – Хофенхајм 5-1, Аугзбург – Леверкузен 3-3, Вердер Бремен – Хановер 4-1, Ајнтрахт Франкфурт – Инголштад 1-1, Келн – Шалке 1-3, Дортмунд – Баерн Минхен 0-0.

Табела: Баерн Минхен 63, Дортмунд 58, Херта 42, Шалке 41..

OhridNews