Постојаната изложеност на стрес негативно влијае на алергиите, засилувајќи ги нивните симптоми. Стресот одамна е прогласен за непријател број еден за нашето здравје, а истражување спроведено на Универзитетот Охајо Стејт ја утврдило врската помеѓу стресот и симптомите на алергии.

Резултатите собрани во текот на 12 седмици од 179 испитаници ги објавиле во стручното списание Annals of Allergy, Asthma & Immunology.
Во набљудуваниот период симптомите на алергија се јавиле кај 39% од учесниците во истражувањата, а значително поголем ризик е забележан кај луѓето погодени од стрес.
Според зборовите на научниците, можно е да се воочи примерокот по кој симптомите на алергија се јавуваат во рок од неколку дена после интезивно доживеан стрес.
Истражувачите напоменуваат дека нема докази дека стресот е предизвикувач на алергиите.

 

извор:metro-portal.hr