– Некогаш не е доволно само да се остави срцето на терен како што направија девојките на мечот со Шведска – потенцираше селекторот Стрезовски и додаде – Самиот пласман на Европското првенство е голем успех за женскиот ракомет во Македонија.  Достоен ривал бевме само во првиот дел потоа нашата игра се распана како кула од карти.


Селекторот на македонската репрезентација Стрезовски пред почетокот на Европското првенство стравуваше од некомпакноста во одбраната додека нападот функционираше солидно.


Најмногу се плашев од одбраната, а овде се случи спротивното нападот не функционира никако. Во текот на целиот натпревар се мачиме како да створиме прилика за погодок. Тоа е веќе проблем која мора да го решиме што побрзо – заврши Стрезовски за “Екипа.мк“.

Мх.П.