Ракометарите на Охрид во рамки на 7-то коло од Плеј-офот утре гостуваа кај екипата на РК Алкалоид.
Повторно не очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.
Натпреварот сe игра во салата „Автокоманда” со почеток во 18:00 часот.












