Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп утре го играат првиот натпревар на домашен терен со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина, во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот.

Станува збор за добра екипа и треба добро да се подготвиме. Сите знаеме кои се нашите планови оваа сезона за Европа. Ќе се обидеме на првиот натпревар да постигнеме што подобар резултат и да се пласираме во следното коло. Ќе биде тежок натпревар. Би ги повикал навивачите да дојдат во што поголем број да ни помогнат како и до сега и заедно да славиме за пласман во следниот круг, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.

Реваншот се игра на 22 ноември во Добој.

OhridNews