Фудбалерите на Рома ја продолжија победничката серија во дуелите со Лацио, совладувајќи го градскиот ривал со 2-0 во 15-та рунда од Серија А.
„Волчицата“, со четвртата победа по ред над „лацијалите“ во дерби пресметките го продолжи походот кон Јувентус кој е водечки на табелата во „Калчо“ лигата.
Триуфмот на Рома го најави Кевин Стротман во 64-та минута. Холанѓанецот со гол ја казни грешката на Валас, а при радувањето ги испровоцира резервите од Лацио. Еден од нив, поточно Дани Каталди бурно реагираше и го фати за вратот Стротман. На теренот настана вистинска мешаница, а Каталди заработи директен црвен картон.
Печат на победата стави белгискиот репрезентативец, Раџа Нанголан кој погоди од голема далечина за конечни 2-0.
Резултати: Милан – Кротоне 2-1, Лацио – Рома 0-2, Пескара – Каљари 0-1, Сампдорија – Торино 1-0, Сасуоло – Емполи 3-0, Фиорентина – Палермо.
Табела: Јувентус 36, Рома 32, Милан 32, Наполи 28, Лацио 28…
OhridNews