Стручен настан за доктори на медицина – 2026 „Аутизам од дијагноза до достоинство“ ќе се одржи утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 13 часот во организација на Здружението на лекари Охрид, со поддршка од фармацевтската компанија Фитофарм.
Настанот, кој е наменет за доктори на медицина ќе ги продлабочи знаењата за патот на лицата со аутизам, од дијагноза до достоинствен живот, со системска поддршка, велат организаторите.
На настанот свое обраќање ќе имаат проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш Апостоловска – психолог, клинички психотерапевт, Магдалена Чакар Маркулеска – психијатар и Леон Мемиш Апостоловски – аутист и јавен застапник.
Модератор на настанот ќе биде Александра Сабрас Апостолова – дефектолог.
OhridNews













