По повод Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „КИЛОМЕТАРСКИ ТАНЦ ДО ЦЕЛТА“.

Така Струга, ќе трча не само атлетски, туку во својот дух и поетски, потенцираат организаторите.

Додаваат дека на конкурсот можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена песна на темата, на email адресата: [email protected], а во рамки на пораката, треба да се испрати и име и презиме и телефон за контакт.

Посочуваат дека краен рок за праќање на поезијата е до 15.05.2023, а на прес-конференцијата ќе биде објавен најдобриот учесник. Поетскиот конкурс, ќе го координира тричлена жири-комисија.

OhridNews