Составот на АЕК Атина е првиот финалист на 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2019. „Црно жолтите“ после триумфот над Бутел Скопје ја совладаа и екипата на Ескилстуна со  31-30 (19-15) и го обезбедија првото место во групата.

Првиот дел им припадна на грчките ракометари кои подобро се снајдоа во играта со нешто послаба одбрана. АЕК го контролираше резултатот а до крајот успеа да обезбеди четири погодоци предност (19-15).

Играта во одбрана драстично се подобри во второто полувреме на теренот „Женска плажа“. Лесни голови немаше а нападот на двете страни под притисок грешеше. Швеѓаните постепено ја намалуваа разликата и на пет минути до крај стигнаа до минус еден 29-28. Грците и покрај налетот на „белите“ не потклекнаа и го заверија триумфот вреден финале.

АЕК во финалето ќе го чека подобриот од утрешниот натпревар помеѓу Еурофарм Работник и Струга, додека Ескилстуна и Бутел Скопје ќе играат за место погоре во групата.

OhridNews