Ракометарите на Ескилстуна Гиуф од Шведска ќе разигруваат за третата позиција на Меѓународниот ракометен турнир во Струга 2019. Во последниот меч од втората група швеѓаните ремизираа со Бутел Скопје 25-25 (13-9) и поради подобрата гол разлика завршија на второто место на табелата кое им донесе меч за бронзениот медал.

Ескилстуна Гиуф до ремито стигна со погодок од пенал после завршување на натпреварот. Бутел Скопје имаше водство еден разлика 25-24 и напад, но не го реализираа и им дозволија на противници шанса за егал која ја искористија.

Мечот подобро го отвори екипата на Ескилстуна Гиуф и веднаш стекна водство. Разликата на семафорот варираше од два до три погодоци. Со еден добар финиш швеѓаните се одлепија на четири и на одмор заминаа со предност 13-9.

Бутел Скопје вистинското лице го покажа во второто полувреме. Одбраната го подигна нивото на игра а нападот умешно ги собираше плодовите постигнувајќи погодоци. „Црно белите“ со 5-0 серија не само што ја анулираа предноста туку и го презедоа водството (18-17). До крајот на мечот се играше гол за гол. Бутел Скопје беше тимот кој диктираше и водеше до самиот финиш. Потесната одбрана фаулираше не дозволено во последните секунди а арбитри почитувајќи ги правилата досудија пенал за швеѓаните. Сигурен од седум метри беше Карачиќ.

Ескилстуна Гиуф поради минималниот пораз ја зазеде втората позиција пред Бутел Скопје кој изгуби со четири голови разлика од АЕК Атина.

OhridNews