Ракометот во Македонија синоќа имаше официјален кам-бек откако започна 48-то издание на турнирот во Струга. На првиот ден, ракометарите одиграа добри и квалитетни натпревари и најавија уште повеќе возбудувања во деновите кои следуваат.

Составот на Бутел Скопје во првиот меч од денешната програмата силите ќе ги одмери со младиот состав на Еурофарм Пелистер 2. Во вториот термин ќе се судрат Металург и Прилеп, додека третиот е резервиран за средбата помеѓу Вардар и Охрид.

Натпреварите во 19:15 часот и 21:15 часот ќе бидат пренесувани во живо на спортскиот канал МТВ 3.

Двојки:

17:15ч Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2

19:15ч Металург – Прилеп

21:15ч Вардар – Охрид

OhridNews