Екипите на Вардар, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 се ривали на охридскиот ракометен клуб на струшкиот турнир кој ќе се одржи од 12 до 16 август на отвореното игралиште „Горан Попоски-Гобец“.

„Гладијаторите“ добија супер противници кои ќе бидат вистински тест за квалитетите и можностите во пресрет на новата сезона во македонскиот шампионат.

За охридските ракометари ова ќе биде второ учество на турнирот во Струга. Во првото во 2017 година, охриѓани завршија на четвртата позиција.

Во втората група од турнирот силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер, Металург, Прилеп, Струга.

Организаторите во најскоро време треба да го објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите на турнирот кој годинава ќе биде исклучиво со македонски екипи.

OhridNews