Лидерот во Првата лига Струга го совлада Охрид со 31-26 (17-11) и го продолжи победничкиот чекор кон Суперлигата. Натпреварот се одигра пред илјада гледачи во преполната спортска сала „Нико Нестор“, која беше претесна да ги прими сите љубители на ракометот од Охрид и Струга.
Гостите беа тие кои добро го започнаа мечот и подобро реагираа на вжешетената атмосфера во спортската сала. Бабачев беше изненадувањето на Андоновски и по десетина минути беше егал 7-7. Но потоа следуваше серија од 8-3 и домаќините за прв пат осетно се одлепија (15-10).
Момент кој сигурно му даде друг тек на мечот беше исклучувањето на голманот на охриѓани Пецаков. По една интервенција надвор од голманскиот простор, скопската двојка Ѓорѓиевски ја исклучи охридската единица. Домаќините притиснаа и до крајот на првиот дел стигнаа до убедлива предност 17-11.
Стартот на вториот дел им припадна на охриѓани кои со головите на Томоски се доближија на минус 4 (19-15). Но наместо приклучок охриѓани направија серија технички грешки, подарок топки кои стружани и тоа како знаеја да ги искористат.
Костески ја решеташе мрежата на Китески кој на дербито немаше свој ден. Струшката “шестка“ мечот го заврши со неверојатни 13 постигна гола. Во 48 минута од мечот стружани ја достигнаа најголемата предност 27-19. Пожртвуваната игра до крајот на мечот, охриѓани им дозволи да стигнат до пристоен пораз.
Покрај Костески кој беше прво име на мечот, Белески постигна пет гола, а по три дадоа Угреновиќ и Стојаноски.
Кај охриѓани најпрецизен беше Aндоновски со седум гола, Мирков постигна шест, Бабачев и Томоски по пет.
Екипата на Чардак Велгошти го забележа најубедливиот триумф досега на 51 издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, совладувајќи ја Дебрца Експрес со високи 16:1 во натпревар о...
По повод Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни, викендов во Охрид се одржува спортско-едукативниот настан „Заедно за иднината на Езерото“, во чии рамки за првпат ќе биде организиран еднонеделен трен...
Со три натпревари синоќа беше отворено 51 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, на кој годинава учествуваат 32 екипи поделени во осум групи Актуелниот шампио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.