Занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност на подрачјето на Струга во иднина ќе треба да го уредат своето работно време според Oдлуката за уредување на работното време, која треба да биде усвоена на утрешната седница на Советот на општина Струга.

Според табеларниот приказ, струшките локални власти имаат утврдено работно време за вкупно 24 занаетчиски дејности. За секоја дејност пооделно е утврдено работно време од понеделник до сабота, додека пак денот недела ќе биде нерботен за околу 14 дејности. Исто така утврдени се и посебни термини за работното време во летен и зимски период. За периодот на летната сезона која трае од 1-ви јули до 31-ви август, работното време ќе биде продолжено за оние занаетчиски дејности кои имаат некаква  поврзаност со туризмот и угостителството.

На дневниот ред за утрешната седница, треба да бидат изгласани и уште 14 точки, меѓу кои и Завршната сметка на општина Струга за 2013 година и извештаите за работењето на општинските јавни претпријатија.

OhridNews