Струшката локална самоуправа во текот на наредниот период ќе изготви Стратегија за  развој на општина Струга за период од 2015-2020 година. За таа цел струшките советници на 23-та седница на Советот која која ќе се одржи во понеделник на 26-ти јануари, ќе треба да ја усвојат одлуката за отпочнување на постапката за изготвување на овој петгодишен развоен документ.

-Се задолжува Одделението за локален економски развој на општина Струга заедно со Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој на Советот на општина Струга, заеднички да учествуваат во изработката на стратегија за развој на Општина Струга за период од 2015-2020 година, пишува во одлуката која е дел од дневниот ред на Советот.

Стратегијата за развој е повеќегодишен документ за приоритени области и проекти за развој и е законска обврска на општината.

Освен оваа точка, во рамки на 23-та седница, струшките советници ќе расправаат и за Програмата за работа на ЈП „Водовод Делогожда“ за 2015, Програма за работа на МЈП „Проаква“–Струга за 2015 година, за Програмата за животна средина, за Предлог–Одлуките за утврдување критериуми за распределба на блок дотациите за основното и средното образование, за Програмата за култура и за Програмата за одбележување значајни настани и личности за 2015.

Исто така струшките советници ќе траба да ги усвојат и Програмите за локални патишта и улици за уредување градежно земјиште во општина  Струга за 2015 година, како и десетина други предлог одлуки и извештаи.

OhridNews