Во рамките од шестата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад на Градскиот стадион во Струга ќе се одигра локалното дерби помеѓу Лабуништа и Струга Трим Лум.

Фудбалерите на Лабуништа дербито со ривалот го најавија со реми против Гоблен Јуниор (1-1), додека „црвено белите“ претрпеа неочекувано висок пораз од Гостивар (4-1) на домашен терен.

Влогот во овој меч е повеќе од три бодови, бидејќи локалните дерби средби се нешто посебно и секогаш нудат нешто посебно во однос на другите мечеви.

Натпреварот ќе започне во 15 часот и 30 минути. Покрај овој натпревар во шестата рунда ќе се одиграат уште средбите помеѓу Влазрими – Пелистер, Гостивар – Тетекс, Кораб – Гоблен Јуниор, Скопје – Генч Калемлер.

OhridNews