Градот Струга се крена нозе за поддршка и помош на Мартин Стојаноски на кого му се потребни финасиски средства за лекување во Москва, Русија. 22-годишниот голман и член на Лабуништа се здоби со тешки телесни повреди во страотна сообраќајна несреќа пред неколку месеци.

Лабуништа најави дека собраните средства од билетите во дерби пресметката со Пелистер ќе бидат донирани на сметката од Мартин. На ист потег се одлучија Струга Трим Лум, ЖРК Стружанка и РК Енхалон. Парите од билетите како и од кутиите кои ќе бидат поставени пред влезот на стадионот во Радолишта и салата Нико Нестор ќе бидат уплатени на сметката од Стојаноски.

Во Охрид се најавени концерти на градскиот плоштад со помош за охриѓанката Мила Димоска и Мартин Стојаноски. Броевите за донации на Мила се ВИП 143 123, Телеком 143 143 додека за Мартин се Телеком 143 107 , ВИП 143 462.

Жителите на Охрид и Струга извојуваа една многу значајна победа кога дадоа голема поддршка во лекувањето на Сара Настеска.

OhridNews