Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга.


39 –
от струшки турнир кој и оваа година ќе биде од меѓународен карактер ќе
го задржи квалитетот. На
турниот кој започнува утре, познат е распоредот на екипите. Во едната
група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак  Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот
Струга, бугарскиот Спартак од Варна, Борец од Велес и младинската репрезентација на Турција.
 

Најдобро
пласираните екипи од групите ќе играат во финалето, кое се игра во
Сабота, на теренот “Женска плажа”. дел од натпреварите по групи како и
мечевите за медали ќе бидат пренесувани во живо на Македоснката
Телевизија.