Стружани се потресени од веста за тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на Кавала- Грција, во која животот го загубија четири нивни сограѓани, меѓу кои и малолетно дете, членови на угледното семејство Шемо.

Според првичните информации од министерството за надворешни работи, во комбето се наоѓале вкупно девет патници. 


Петмина се повредени и сите се задржани во болница на понатамошни испитувања, каде ќе мора да останат  48 часа. Меѓу повредените е и едно малолетно дете кое е потешко повредено, но надвор од животна опасност. Тоа ќе биде задржано на лекување наредните неколку денови, поради фрактура на глава, информираат од министерството за надворешни работи.

Додаваат дека од возачот било побарано да даде изјава за полицијата, но се чека адвокат, кој е ангажиран со помош на македонскиот конзулат во Солун.

Веднаш по дознавањето за несреќата, претставник од конзулатот во Солун е испратен во Кавала каде сеуште се наоѓа. Ги има посетено повредените, на кои им се пружа секаква помош и консултација, а во контакт е и со грчката полиција. До МНР сеуште не е стигнат  записникот од полицијата.

OhridNews