Сегашната општина Струга брои околу 67000 жители, а во градот Струга живеат околу 18.000 жители. Со новиот закон  за  задолжително средно образование финансирано од државата, во ‘‘Нико Нестор‘‘ и ‘‘Ибрахим  Темо ‘‘ се школуваат околу 3000 деца. Тоа всушност наликува на еден стредношколски град. Меѓутоа само 800 деца се од градот Струга  а останатите 2.200 доаѓаат од околните села од  кои некои се одалечени и по неколку десетици километри. При тоа се изложени на секојдневно малтретирање по автобусите или такси комбињата ,а нивните родители се изложени дополнителни финансиски трошоци за хранарина.
     
Средношколците во овај хаос наречен средношколски центар се разликуваат по нивното различно домашно воспитување,  социјално, културно, етничко ,религиозно определување. Половината од нив до доагањето во средното училиште речиси и да не виделе воопшто црква , многу ретко го  слушнале македонскиот јазик, поголемиот дел се пораснати од нивните баби и дедовци или по некој стрико бидејки родителите им се во странство на печалба .

Останатата половина е составена пак од сосема спротивен групација на ученици кој пак речисо и да не го слушнале албанскиот јазик, на џамиите гледаат како центар на  негативна енергија, а не како на духовни храмови и сл.. Во еден ваков сколоп на цивилизацииречиси една деценија во Струга хрончно се повторуваат немилите тепачки кои завземаат се поголеми и поголеми размери. Ваквиот урбан хаос кој се нарекува средношколски центар е еден само обичен центар на тектонски пореметувања на некогашниот мирен туристички град.

Од овиве причини им предлагам на сите релевантни фактори задолжени за решавање на проблемот со струшките средношколци веднаш да се отпочне со децентрализација на образованието и да се отворат дисперзирани средни училишта во сите поранешни општини како што се Делогожда,   Лабуништа, Луково, Велешта, како и во с.Радолишта. Во овие Села заедно со најблиските нивни околни помали села живеат по повеке од 10.000 жители. Исклучок е село Луково кое е доста помало но обединува еден огромен регион од каде е искучително тешко на време да се стигне на задолжителната настава. Поголемиот дел од средношколците времено се доселуваат во Струга, и се изложени на големи дополнителни финансиски трошоци кои во секој сличај заради задолжителното средно образование им го оптоваруваат и онака кревкиот семеен буџет.
       
Доколку можело да има средно училиште во Демир Хисар, Крушево ,Пехчево , Берово, Валандово, Радовиш, Пробиштип и т н . Ве прашувам зошто и во овие горе спомнати кохерентни средини да не се направат дисперзирани средни училишта и место секојдневно да се прави сообраќаен хаос заради превоз на околу 2.200 средношколци, да им се обезбедува превоз кој се плаќа од страна на државата.
       
Попаметно е само неколку професори да кружат и да обавуваат диспезирана настава со што ќе се поблиску до населението од каде доаѓаат средношколците и ќе можат полесно  да комуницираат со нивните родители исто онака како што тоа го прават наставниците во постоечките осмолетки во овие краишта.

Во Струга треба да останат само струшните паралелки пр. медицинско и слично за што е потребно да има пракса или лаборатории и сл.

Во Зградата која очигледно би останала празна конечно паметно решение ке е покрај два приватни факултета едниот на Цаноски и другиот на Мерко да се направи и еден државен дисперзиран факултет за почеток под Битолскиот ректорат.Кабинети слободни ке имате доволно , а наставен кадар кога можеле да обезбедат Цаноски и Мерко зошто не би можела и самата држава.

Всушност сите овие 67.000 жители колку што има општина Струга немаат пари за приватно универзитетско школување и конечно време е државата и градот да излезат на стружани во пресрет. Градот на поезијата да прерасне во универзитетски град  не само со приватни туку и со државни факултети.

Во овие факултети веќе нема да се оние деца штотуку влезени во пубертет туку ќе се полнолетни и зрели млади идни стручни кадри на кои ќе се темели државата. Доколку некој направи инцидент се знае дека полнолетен човек кои се права и обврски ги ужива согласно Уставот и законите.

Шипинкаровски Димче

Важно:

Ставовите
изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на
ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата