Општина Струга и мисијата на ОБСЕ во Македонија, денеска, во средношколскиот центар „Нико Нестор“, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот “Медијација за промена“, кој е финанскиси потпомогнат од владата на Швајцарија. На потпишувањето на меморандумот присуствуваа градоначалникот на Општина Струга Зиадин Села, амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет и амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарато.

-Овој проект се совпаѓа со целите кои ги има зацртано општинската администрација за побезбедни училишта и побезбеден град. Верувам и посакувам училиштата и градот Струга да бидат пример за толеранција и соживот.-изјави градоначалникот на Струга Зиадин Села.

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Бретистакна дека дел од мисијата на оваа организација е подигање на капацитетите на локалната заедница во насока на обука на младите луѓе за превенција на конфликти.

Амбасадор Лазарето, истакна дека Швајцарија силно го поддржува проектот на ОБСЕ и општина Струга кој ја промовира медијацијата како алатка за превенција од кинфликти во училиштата.

Потпишувањето на меморандумот го поздравија директорите на средните училишта „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“, Марија Коваческа и Муча Зеладин. И двајцата истакнаа дека благодарение на ангажираноста на наставниот кадар и преземените превентивни мерки во најголемиот средношколкси центар во земјата учениците од различни етнички заедници градат соживот што најдобро го отсликуваат бројните заеднички проекти кои тие ги реализираат.

Г.М.