Во сеќавање на Светлана Христова Јоциќ, маркантната македонска поетеса и уметник, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, организира културна програма, чиј примарен носител е Националната културна установа, а во координација со Здружението за култура и наука „Бран” од Струга.
Настанот се организира од страна на културната установа, со која Светлана Христова Јоциќ низ годините, имаше значајна соработка, во повеќебројните културни настани од разнообразните уметнички и културни профили и области.
Настанот е од важност и за градот Струга, каде што, Светлана Христова Јоциќ значаен дел од својот уметнички и културен ангажман го остваруваше во соработка со бројните уметнички, културни чинители и личности.
Манифестацијата ќе се одржи во Центарот за култура во Струга, во петок, 17 август 2012 година, со почеток во 12 часот. За Светлана Христова Јоциќ, ќе говорат писателот Христо Петревски и Проф. д-р Љубинка Басотова. Актери ќе читаат поезија од Светлана Христова Јоциќ, а ќе настапат и ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски” од Струга.
Поради најавите за лошите временски услови во наредните денови проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер концертот на Дамјан Пејчиноски, кој е на 31 јули во рамките ...
Со свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 2 август Денот на Републиката Настаните, како што информираат од општината, се и во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узун...
Денеска во 0015 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пешачка патека во Охрид, 47-годишно лице од сКоњско, охридско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.