Струга ТЛ пред полни трибини на „Билјанини извори“ ќе игра денес со Жалгирис
18.07.23 09:35
Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум денес ќе го игра реваншот против литвански Жалгирис во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17 часот.
Како што објави клубот билетите за вечерашниот меч се распродадени и трибините на стадионот ќе бидат целосно исполнети.
На гостувањето во Вилнус, Струга Трим Лум одигра со резултат 0-0 во дуелот со Жалгирис во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони. Во својот дебитантски настап во елитното европско клупско натпреварување фудбалерите на Струга беа рамноправен противник и сосема заслужено се вратија непоразени од Литванија.
Победникот од пресметката меѓу Струга и Жалгирис за противник во второто коло во Лигата на шампиони ќе го има турскиот гигант Галатасарај, додека поразениот ќе го продолжи настапот во европските купови во второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Огид и Струга со околните села попладнево извесно време останаа без електрична енергија Причина е невремето проследено со обилни врнежи од дожд и електрични празнења, поради што дојде до испад во ...
Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиц...
Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активнос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.