Струшкиот второлигаш го доведе второ засилување во своите редови, откако го промовираше младиот голман Филип Трајчевски.

Во тимот на Струга Трим Лум еден од најперспективните голмани во нашата земја се пресели од Вардар каде дебитираше со неполни 18 години.

Прво засилување за стружани беше охриѓанецот Антонио Каланоски кој ќе треба да ги засили офанзивните линии на екипата.

Исто така Струга продолежението од Втората лига-запад ќе ја почне со нов тренер, откако палката во клубот ја презеде Александар Танчески.

OhridNews