Екипата на Струга Трим Лум продолжи да бележи позитивни резултати на тест натпреварите во подготвителниот период совладувајќи го тимот на Дрита со 2-0 (0-0).

„Црвено белите“ отпорот на второлигашот од Боговиње го скршија во вториот дел, откако првото полувреме заврши без голови 0-0. Погодоците за стружани ги постигнаа Мазари и Османи.

Струга Трим Лум во досегашните одиграни тест средби ја совлада екипата на Шкупи (2-1), а ремизираше со Македонија Ѓорче Петров (0-0) односно Ренова (1-1).

Следен контролен натпревар за избраниците на Срѓан Захариевски е дуелот со Охрид, кој ќе се одигра на 1 август на СРЦ „Билјанини Извори“.

OhridNews