Утре (среда) со почеток во 18 часот на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, екипата на Струга Трим Лум против тимот на Вардар Форино ќе ги започне тест натпреварите во подготвителниот период.

„Црвено белите“ подготовките за дебитанското учество во Првата македонска фудбалска лига ги започнаа пред недела дена и ќе се одвиваат во две фази. Во првата струшките фудбалери ќе работат на стадионот „Расадник“ во Радолишта а тест мечеви веројатно ќе играат во Охрид, додека во втората фаза стружани ќе работат во Банско и силите ќе ги одмерат со екипите кои ќе бидат на подготовки во истиот термин.

Покрај дуелот со новајлијата во Втората лига Вардар Форино екипата на Струга Трим Лум ќе се сретне со Гостивар и Силекс.

OhridNews