Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум го престави Јасмин Мециновиќ како прво засилување на екипата во летниот преоден рок.

Прволигашот од Струга и фудбалерот потпишаа едногодишна соработка. Со доведувањето на Мециновиќ, Струга Трим Лум ја пополни празнината после заминувањето на Арбен Тафа во Беласица.

„Црвено белите“ ги започнаа подготовките за новата сезона. Дел од нив ќе поминат во Охрид каде ќе играат контролни натпревари.

OhridNews