Екипата на Струга Трим Лум, започна со активностите во зимскиот преоден рок, откако се раздели со дефанзивецот Христијан Драгарски.

27-годишниот фудбалер во Струга ТЛ пристигна во зимскиот преоден рок минатата сезона од прилепска Победа. Драгарски беше дел од тимот кој ја освои титула во Втората лига и обезбеди билет за пласман во фудбалската елита.

Стратегот на стружани Јетон Бекири во Арбен Тафе и Кисман Цаке има квалитетен стоперски тандем, но ќе мора да доведе уште еден играч како резервна варија кога еден од двајцата ќе паузира поради повреда или пак картони.

„Црвено белите“, есенската полусезона во Првата лига ја финишираа на шестата позиција со 24 бодови. Втората етапа почнува на средината од февруари месец, а стружани подготовките ќе ги започнат во текот на следната недела.

OhridNews