Фудбалерите на Струга Трим Лум забележаа нова победа во подготвителниот период совладувајќи ја Дрита од Боговиње со 3-0.

„Црвено белите“ фаворитската улога на дуелот ја оправдаа во второто полувреме, откако првиот дел заврши без голови. Прецизни за стружани во вторите 45 минути беа Флорент Османи, Алтон Лога и Нијаз Лена.

Лидерот на табелата во Втората МФЛ-запад до почетокот на сезоната ќе одигра уште неколку контролни средби, а за противници се споменуваат Тетекс, Велазерими и Гостивар.

OhridNews