Фудбалерите на Струга Трим Лум забележаа нова победа во подготвителните натпревари, откако на СРЦ „Билјанини Извори“ со 2-0 (2-0) го совладаа второлигашот Охрид.

Со триумфот над Охрид, екипата на Струга Трим Лум со позитивен биланс го задржа позитивниот биланс мечевите во подготвителниот период. Избраниците на Срѓан Захариевски запишаа три победи (Охрид 2-0, Шкупи 2-1 и Дрита 2-0) и два пати ремизираа (Македонија ЃП 0-0 и Ренова 1-1).

Првата прилика на натпреварот ја имаа стружани. Новајлијата Алтипармаковски прими топка по самата гол линија и се одлучи на шутира. Неговиот удар заврши во гредата.

Струга Трим Лум теренската иницијатива ја искористи после минутата одмор во 23-та минута од мечот. Нијас Лена погоди од пенал за кој сам избори.

Пред крајот на првиот дел гостите го зголемија водство со погодокот на Марјан Алтипармаковски. Офанзивецот се најде на вистинско место и ја затресе мрежата после грешката на потесната одбрана.

Во вториот дел шанси немаше, а двајцата тренери менуваа многу во составот. За издвојување со неколкуте контри напади на Охрид, додека Струга Трим Лум намали со темпото и со чување на топката ја задржа предноста.

Струга Трим Лум во првата рунда од македонскиот шампионат гостува кај Ренова, додека Охрид ќе продолжи со подготовките за новата сезона во Втората лига.

 

Охрид: Симоновски, Вељаноски, Цуцули, Трпески, Ариф, Алији, Ѓорѓиески, Кочоски, Дишлиески, Реџепи, Целески

Струга Трим Лум: Ѓуриќ, Цаке, Ристевски, Шеји, Миленковски, Касами, Шабани, Османи, Шкор, , Алтипармаковски, Лена

OhridNews