Тетовска Ренова се извлече од елиминиција во 1/8 финалето во Купот на Македонија со погодок за 2-2 во последните мигови од реванш натпреварот со Струга Трим Лум. „Гипсарите“ со вкупни 5-4 ја прескокнаа струшката екипа која има за што да жали во двомечот.

– Останува грутката во нашите грла за неискористената можам да речам златна шанса за нас во Купот на Македонија. Сепак, јас сум горд на момците кои одиграа храбро и со срце на двата мечеви со Ренова. Покажавме квалитет, но не и карактер, бидејќи во двомечот повеќе време имавме позитива отколку негатива. Не ни останува премногу време за плачење и жалање, бидејќи не очекуваат натпреварите од Втората лига во кои исто така одиме на победа. – рече тренерот, Неџат Хусеин-Џате. 

Валмир Нафиу е таличниот играч за Ренова во двомечот со стружани, откако некогаш младинскиот репрезентативец ладнокрвно погоди за егал 2-2 во последната минута од натпреварот во Струга.

– Во второто полувреме ни дадоа два гола на јуриш и скапо не казнија за нашите нереализирани две чисти прилики при резултат 1-0 во првото полувреме. Уфрлувајќи играчи во офанзива ризикувавме и им оставивме простор за контра напади, што не ги искористија. Дури во финишот ни дојде наградата за непоколебливата игра и обезбедивме пласман понатаму, што е најважно – потенцираше Влатко Костов.

КУП: Ренова се извлече во Струга (фото)

OhridNews