Цената на електричната енергија од први јануари ќе биде повисока за 6,95 отсто, а топлинската енергија ќе биде поскапа за 10,56.

Ваква е предлог одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесена денеска на подготвителна седница, информираше денеска претседателот на РКЕ Димитар Петров.

“По обработката на податоците, навремено донесени барања од почетокот на ноември и со целокупните пресметки покажаа дека ние можеме да истапиме со предлог одлука за сите компании со крајно зголемување на цената за сите потрошувачи од 6,95“, соопшти денеска Петров.

Од актуелното зголемува на цената на струјата, поделено по компании Електрани на Македонија добиваат 2,2083 отсто , МЕПСО како преносен оператор добива зголемување од 0,27, а за пазарниот оператор 0,02, додека за ЕВН одат 1,7708.

Парното греење за граѓаните кои ги користат услугите на Топлификација ќе поскапе за 10,56 отсто.

OhridNews
Извор:,,Макфакс”