Од јануари 2012 година, граѓаните на Република Македонија ќе плаќаат за 7% поскапа
струја. Како што пренесоа неколку национални медиуми,
Регулаторната комисија за енергетика овој предлог веќе го доставила до енергетските компании ЕЛЕМ,
МЕПСО и ЕВН Македонија, а на подготвителната седница закажана за понеделник ќе
разговараат на оваа тема.

Познавачите на оваа проблематика
велат дека со овој процент  нема да им одговара
на
енергетските компании, затоа
што тие
очекуваат поголемо
зголемување
. Според нивните пресметки, кои излегоа во јавноста пред извесен период, цената на струјата треба да биде повисока
за околу 12%.

Последна корекција на цената на струјата во земјава имаше на 1 март
годинава, кога таа беше зголемена за 5,48% и новата средна цена за киловат час
достигна 3,9946 денари. Поединечното зголемување беше различно кај секоја
енергетска компанија, односно кај ЕЛЕМ достигна 0,53%, кај МЕПСО – 4,22%, а кај
ЕВН Дистрибуција од 4,76%.

Во меѓувреме струјата за повеќе од 10 % поскапе и во Србија и Црна Гора.

OhridNews