Во рамките на одбележувањето на jубилејот 80 години постоење на Библиотеката и 65 години од основањето на Дом на култура „Браќа Миладиновци” – Струга, денеска во Паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со чествувањата на установата.

Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката. Ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга, стои во информацијата на Центарот за култура.
Одбележувањето на двата големи јубилеи почна во март годинава со официјална соработка за размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од НР Кина.
Одбележувањето на големите јубилеи треба да продолжи и во август со повеќе културни манифестации.
OhridNews











