По повод патрониот празник на  Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, кој се одбележува на 24-ти јуни 2014 година, во текот на наредната седмица на секој нов член на библиотеката, ќе му биде подарена книгата „Прилози и студии за Миладиновци“ од Петар Аврамоски.

-Македонското национално осознавање како процес започнува во средината на деветнаесетиот век. Тој процес на пробуда и себепрепознавање со отворена борба против туѓите посегнувања и асимилации е процесот на македонската национална Преродба, а челното место во таа преродба, како нејзини основоположници и подвижници, го заземаат славните струшки браќа Миладиновци, стои во соопштението од струшкиот Центар за култура.

Во него се потенцира дека делото на Миладиновци е вонвременска декларација за промовирање на творечките вредности на македонскиот народ, како народ со своја традиција, обичаи и историја кои се негуваат низ вековите, се почитуваат во сегашноста, а ќе бидат патоказ во иднината.

OhridNews