Советот на општина Струга по локалните избори и понатаму работи без свој претседател, откако ВМРО-ДПМНЕ и ДПА останаа на старите ставови во однос на именувањето на Абдула Ќазими за претседател на Советот, пренесува „АлсатМ“.

На вчерашната седница се избрани членовите на општинските совети, а претседателот на ОО ВМРО-ДПМНЕ Струга, Перо Петкоски, рече дека на средбите со ДПА се разговарало во име на коалицијата на македонските партии.

OhridNews