Бил дел од 38 изданија на струшкиот ракометен турнир. Ѓоко Коцарески ги пропуштил првите два турнири и од таа 1974 година секој август е на теренот на “Женска плажа“ каде се играат мечевите. Од лани поголем број настапи има како тренер, отколку како играч.

–    Како играч и како тренер имам пропуштено само 2 турнири, овај е за мене 38 турнир, како играч ги пропуштив само првите два, 18 пати играв а во сите останати 20 години сум учествувал со екипите како тренер дали со младинци, дали со кадети, дали со прв тим битно секогаш сум тука за турнирот – вели Коцаревски.

На сите изданија пак учестувала домашната екипа на Струга, која никогаш не успеала да се радува на победничкиот трофеј на турнирот.

–    Иако е домаќин никогаш Струга не успеала, да го освои овој турнир. И во моментите кога нашиот клуб беше во својот зенит, секогаш имало некој кој успевал да не совлада. Како “златни години“ на турнирот се паметат осумдесетите години кога европскиот првак Металопластика со славната генерација ракометари учествуваше на турнирот и го освојуваше. – истакна Коцаревски

После неколку години стагнација, за својот 40 јубилеј се најавува солиден турнир а кој учество ќе земат покрај македонскиот првак Металург, екипи од Франција, Романија, Белеорусија.

–    Како одеа времињата така и турнирот имаше свои успони и падови, она што е најважно е дека тој никогаш не направил ниту една година пауза, а точно е дека секогаш сеж  зависело од финасиите. Оваа година со заложбите на ОО на турнирот успеа да се издигне на едно повисоко квалитативно ниво –  смета Коцарески.

Иако е расадник,иако има неколку репрзентативци, РК Струга не е во врвот на македонскиот ракомет , а најгоемата причина за тоа се финасиите.

–    Струга е расадник на ракометари, не може да се замисли ниту една репрезентација дали е тоа кадетска, младинска или сениорска без стружани. Се работи добро, поднебјето, градот , менталитето е таков, и сега во моментов актуелниот клуб иако се натпреварува во втората лига интересот е огромен и на тренинзите имаме преку 30 ракометари . Но , број еден се финасиите. Кога ракометарот ќе стигне до тоа младинско ниво не можеме да ги задржиме. Не му браниме никому да замине надвор од Струга и да го печали својот леб. Но долку се најде стабилен спонзор, јас сум убеден дека не само нашите домашни ракометари, туку и останатите ракометари кои играат во Македонија ќе дојдат да играат за својата Струга- вели тренерот Коцарески.

Амбициите на струшкиот колектив сезонава се враќање во Суперлигата, со што малце од малце би се разбудил градот на браќата Миладиновци.Турнирот на момент ги буди сеќавањата и ги враќата луѓето на едно не така далечно убаво време.

–    Мило на душата ми доаѓа кога ќе се спомене струшкиот ракометниот турнир. Јас кариерата ја завршив во Југословенската лига, и она што го красело овој турнир се секако убавите спомени и пријателства, како со европските екипи така и со екипите од поранешните југословенски простори. Сите тие контакти и пријателства до ден денес ги одржуваме и со драго срце зборуваме за струшкиот ракометен турнир -завршува Коцарески.

Коацрески посакува игралиштето да биде полно, да дојдат и од поблиските градови да ги следат натпреварите кои оваа година се очекува да понудат квалитативен ракомет.
фото Емилио
М.П.