Кошаркарите на Црн Дрим и кошаркарките на Струга се победници на турнирот во Охрид, кој го организираше К.К. „Колибри“ и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.


Во финалето кошаркарите на Црн Дрим го совладаа охридскиот клуб Колибри со 24-22 додека стружанки со 66-25 триумфираа против Кавадарци.


За најкорисен кошаркар на турнирот беше изран Дамјан Миша, кој постигна 16 поени во финалната средба.

Мх.П.