Денеска струшкиот совет ќе оддржи седница, на која меѓудругото, ќе се расправа за ребаланс и проширување на општинскиот буџет за тековната година.

Исто така, на дневен ред се кварталните извештаи на општинските претпријатија во Струга, Лабуништа, Октиси, Велешта и Делогожда, и изборот на комисии во Советот.

За сега од конституирањето на ова тело, се уште не е избран претседател, меѓутоа како што објави „А1он“, договор ќе биде постигнат, а местото претседавач со Советот на општината ќе остане во рацете на ДПА.

OhridNews