Учениците и наставниците од Средните училишта „Нико Нестор“ и „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга во текот на изминатиот месец биле дел од обуката за училишна и врсничка медијација, која се организирала под покровителство на ОБСЕ и со поддршка од Форум ЗФД.
-Учениците и наставниците учеа за училишната медијација како алтернативен начин за решавање на конфликти во училиштето. Ваквиот приод на конфликтите прави младите да бидат активни и со поголема одговорност во процесот на решавање на проблеми. Медијацијата е начин на решавање на конфликти и надминување на недоразбирањата во којшто трета неутрална страна се појавува во улога на медијатор. Целта на медијацијата е на конфликтот да му се пријде на конструктивен начин и да се дојде до заедничко решение околу кое постои согласност, информираа од училиштето „Нико Нестор“.
Обуката за медијација ја спровеле професорите Нела Најдоска Василевска и Нестор Јаулески со поддршка од училишните психолози-ментори Ирена Дончевска и Арта Пошка Ќоку.
Инаку во училиштето „Нико Нестор“ веќе 3-та година функционира „Клуб за медијација“ кој придонсува за подобрување на училишната клима и намалување на бројот на конфликтите.
OhridNews