При контрола на сообраќајот, вчера, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрира две лица кои вршат јавен такци превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган, информира СВР Охрид.
На булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнат е патнички автомобил „Сеат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 53-годишен стружанец, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници со патнички автомобил „Нисан“ со струшки таблици, затекнат е 81-годишно лице од струшкото село Радолишта. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира СВР Охрид.
OhridNews