На улицата „Маршал Тито“ во Струга, вчера, во 19.30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со кршење стакла од автосервис.

Како што информираат од СВР Охрид, во инцидентот учествувал 50-годишен  стружанец, против кого, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews