Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2018 година пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела во Струга, на улица „Кеј 8-ми Ноември“, започнал да врши надградба на објект за индивидуално домување, спротивно на одобрението за градба и основниот проект, за што при извршен инспекциски надзор било донесено решение за отстранување на градбите.

OhridNews