На 21.10.2026 во 15:50 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга  лишија од слобода 24-годишно лице од струшкото село Добовјани.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид,

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

На катастарска парцела во струшкото село Радожда, пријавениот неовластено и без соодветна документација издадена од надлежен државен орган изградил ограда со потпорен ѕид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews