Во СВР Охрид, вчера во 15.15 часот, од страна на екипа на ИМП пријавено било дека во охридската Општа болница е пренесено повредено 42- годишно лице од Струга.
Од страна на полициски службеници по преземени мерки констирано било дека во текот на вчерашниот ден, околу 15.00 часот во семејната куќа на 71- годишно лице, по претходна расправија помеѓу оштетениот и сопственикот на куќата, во еден момент истиот со неколку удари со секира му нанел телесни повреди (расекотини во пределот на главата десната дланка и десната подколеница) на 42- годишниот стружанец.
Лицето кое ги нанело повредите е пронајдено и приведено во СВР-Охрид, а секирата со потврда за одземени предмети е одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews